Декоративни зелки го украсија паркот „Македонија“ и кружниот тек во Ѓорче Петров

Фото: Паркови и зеленило

Неделава екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја започнаа со садење цветен сезонски расад од видот декоративна зелка (brassica) во паркот „Македонија“. Украсните зелки се садеа и на кружниот тек во населба Ѓорче Петров. Фигурата „Штрк“ поставена на булеварот Јане Сандански, како што информираат од претпријатието, е разубавена со расад од љубичици.

Денеска пак, екипите од секторот „Дрвореди“ по барање на ЕВН Македонија и по издадено решение од Секторот за комунални работи на Град Скопје извршија кастрење на надвиснати гранки врз електричните кабли на дел од булеварот 8 Септември и улицата Никола Русински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот