Деколтето на Шерцингер беше во центар на вниманието во финалето на „X Factor“(ФОТО)

Никол Шерцингер го украде целото внимание со аутфитот во последната епизода од сезоната на шоуто „X Factor: The Band“.

41-годишната пејачка и судијка во шоуто во црниот фустан со длабоко деколте го привлече вниманието на гледачите кои своето воодушевување не го сокрија од социјалните мрежи.

„Никол Шерцингер е прекрасна вечерва. Буквално убива со секој аутфит кој го носи, а и шминката и е сјајна“, гласи само еден од коментарите на Твитер.

Пејачката на „Pussycat Dolls“ објави неколку фотографии и на Инстаграм, каде се прости од шоуто и им се заблагодари на сите кои го гледале.

Инаку, победници во шоуто беа „Real Like You“, кои освоија и снимање на албум во дискографската куќа на Симон Ковел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот