Де Брујне: Лигата на нации е неважна и преценета

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерот на Манчестер сити и на белгиската репрезентација, Кевин де Брујне е огорчен што по долгата и напорна сезона мора да игра во Лигата на нации и тоа во згуснат распоред.

Селекцијата на Белгија се наоѓа во дивизијата А и од 3. до 13. јуни ја очекуваат два натпревари против Полска и по еден против Холандија и Велс.

Де Брујне смета Лигата на нации не треба да се игра веднаш по завршување на сезоната во националните првенства бидејќи фудбалерит се преморени и потребен им е одмор.

– Лигата на нации е неважна. Тие за мене се серија на преценети пријателски натпревари по долга и тешка сезона. Воопшто не се радувам на претстојните натпревари – изјави Де Брујне.

Белгиецот во штотуку завршената сезона одигра 45 натпревари за Манчестер сити и четири за својата репрезентација, но речиси два месеци отсуствуваше од терените поради повреда и коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот