Давидовски на победничкиот подиум во Монца

Фото: facebook.com/pssracingteam

После една година пауза Виктор Давидовски е повторно дел од трките во ТЦР Европа. Денеска на легендарната патека „Монца“ го забележа неговиот најголем успех искачувајќи се на победничкиот подиум.

Поради дождливото време на тренинзите, македонскиот пилот со својот „Хонда Сивик“ немаше доволно време за местење на идеалниот сет-ап, а дополнително автомобилот доби 90 килограми тежински пенал (60 килограми според БОП-системот на организаторите, како и 30 килограми за неучество на претходната трка), па поради тоа освои 16 место во квалификациите.

Но, во првата трка која се возеше во сабота попладне, Давидовски успеа да напредува дури шест места, со што се избори за пласман на 10 место.

По трката, стјуардите му доделија казна од 30 секунди на Сами Тафик, па така Македонецот скокна на деветтата позиција. Воедно беше најдобро пласиран поединец од возачите кои се дел од „Јокохама” купот, каде што се вреднуваат постигнувањата само оние кои не се дел од профи тимовите, поради што се најде на победничкиот пиедестал заедно со победникот Брише од „Пежо“, Лојд од „Хонда“ и Берт од „Ауди“, информираа од тимот на Давидовски.

Неделната трка ќе стартува од 13.00 часот на автодромот во Монца, а истата можете да ја гледате на официјалниот Јутјуб канал на ТЦР Европа ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот