Дали сте знаеле? Плутата од шампањско лета брзо како „Ф-16“, а меурите се двапати побрзи од брзината на звукот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Француските научници кои ја проучуваат физиката на шумливиот алкохол, дошле до еден интересен и необичен заклучок. Меурите кои излегуваат од отворена флаша шампањско се со брзина како летањето на авионите – пишува „Popular mehaniks“.

Тоа го идентификувале со помош на брзи камери снимајќи ги шишињата со шампањско чувани на различни температури, со цел да анализираат што се случува по вадењето на чеповите.

Фото: Принтскрин

Во милисекунди по отворањето на шишето меурите се ослободуваат толку брзо формирајќи ударен бран наречен Махов диск, слично како што авионите и ракетите оставаат после нив.

– Наша цел беше да утврдиме што се случува по силната декомпресија на гасови веднаш по вадењето на плутата, а феноменолошката поврзаност со аероинжинерството е вистинско изненадување – изјавил физичарот Жерард Лижер од Унивирзитетот „Ремс“.

Колку брзо овие гасови се ослободуваат? Лижер вели дека меурите од шишето можат да достигнат брзина до Мах 2, односно двпати поголема брзина отколку звукот. Тие надзвучни гасови се поместуваат со екстремна промена на притисокот во шишето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот