Дали Панчо ја испровоцира и Сека Алексиќ? Жени, научете да си го сакате вашето тело! (ФОТО)

Instagram

Сека Алексиќ е пејачка која го живее својот живот и во него ужива бесконечно. На големиот семеен имот, скриен од очите на јавноста, Сека поминува денови исполнети со хармонија и љубов со сопругот Вељко и синовите Јован и Јаков.

Позната по тоа што не сака конфликти и избира да ја сподели својата интимност само онолку колку што таа сака, во последно време Сека го привлекува вниманието на нејзините фанови на Инстаграм објавувајќи фотографии на кои позира во костими за капење.

На една од фотографиите таа е со синот Јован, а еден од коментарите под оваа фотографија беше:

– Дали сте повторно бремена?

– Не, јас сум само дебела – одговори пејачката.

– Научете да го сакате своето тело! Бидејќи не постои совршенство, и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од витките девојки. Едноставно треба да научите да се прифатите себеси онакви како што сте – напиша Сека под фотографијата на која позира во бикини.

ВРИЈАТ социјалните мрежи: Панчо од ДНК од Охрид порача „Лепотици, не секој газ е наменет за танга по плажа“ (ФОТО)

Антониа Гиговска со контра-став од нејзиниот колега Панчо: Го сакам моето тело и сега и кога ќе ослабам! (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот