Дали е паметно да ги бакнувате децата во уста?

instagram

И покрај многубројните полемики на оваа тема, досега немаше никакви докази кои би упатувале на тоа дека бакнувањето на децата во уста е лошо за нивното здравје, меѓутоа, според изјавите на британските стоматолози, ова може многу да им наштети на децата. Стоматолозите веруваат дека најзагрозени се децата кои сè уште имаат млечни заби.

Причината за ова е тоа што флората во устата на бебињата не е подготвена да ги издржи бактериите од устата на возрасните. Млечните заби се кревки и нивниот состав не може да се спротивстави на таквите микроорганизми, кои се наоѓаат во устата на возрасните.

Една од поопасните бактерии која многу веројатно може да премине и во устата на детето преку плунката на возрасниот е Streptococcus mutans, а млечните заби против оваа бактерија немаат речиси никакви механизми за отпор.

Многу е веројатно да биде пренесена и HSV 1, бактерија која предизвикува херпес и може да испровоцира воспалителни процеси во грлото и носот на детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот