Дали би пробале кафе со маслиново масло? „Старбакс“ го претстави новото кафе олеато

Логото на „Старбакс“ / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Најпознатиот синџир на кафулиња во светот, „Старбакс“ го претстави својот нов асортиман напитоци под името олеато, спојувајќи го неочекуваното – вкусно арабика кафе и лажица екстра девствено маслиново масло „Партана“.

Италијанците се љубители на кафе со истенчен вкус, а овие кафиња ќе почнат да се продаваат токму во италијанските кафулиња на „Старбакс“ од денес. На менито ќе има пет вкусови, вклучувајќи го и кафето со овесно млеко.

Од „Старбакс“ велат дека инспирација за кафињата со маслиново масло им била италијанската традиција за пиење лажица маслиново масло секое утро. Имено, извршниот директор на „Старбакс“ Хауард Шулц ја добил идејата за олеато за време на едно негово патување во Сицилија.

„Бев апсолутно изненаден од уникатниот вкус на комбинацијата на маслиновото масло и кафето на ‘Старбакс’. И во топлите и во ладните кафиња, создаде неочекуван, кадифеен, путерест вкус кој го подобри кафето.

Се разбира, ќе постојат луѓе кои ќе кажат: ‘Маслиново масло во кафе?’. Но, во последните 40 години, не се сеќавам кога сум бил повозбуден за нешто“, изјави Шулц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Starbucks Coffee ☕ (@starbucks)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот