Да се јавиш да пријават дефекти нашите да нема струја: Нови три „бомби“ од разговори меѓу Јанушев и Јанакиески

Три  нови „бомби“ се објавени на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ каде повторно се објавија  разговори меѓу носителот на пратеничката листа во изборната единица три, Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во првиот разговор, се зборува за исклучување на лифтови во згради, метода која се користеше на денот на гласањето на локалните избори во 2013 година. „Со Милош се слушам неколку пати“, му вели Јанушев на Јанакиески, кој го препрашува: „Со кој?“, а Јанушев повторно одговара: „Со Милош“, а Јанакиески враќа: „Добро“. Јанушев објаснува: „Вика не знам што да правам со лифтовите“, на што Јанакиески враќа: Нека ги е*ат брат“, а Јанушев дообјаснува: „Вика, нашите ми е страв дека нема да можам да ги изнесам без лифт.

Линк до првиот разговор.

На вториот објавен материјал се слушаат Јанушев и Јанакиески како се договараат да се пријават дефекти со струја во точно одреден термин, на точно одредени адреси.  „Утре меѓу 6 и 7 да се јават во ЕВН“, а Јанушев одговара: „Добро“, по што Јанакиески додава: „Да пријават дефект, сега ќе ти го пуштам бројот“.

Линк до вториот разговор.

Во третиот разговор, Јанушев запрашан што му е заклучокот од изборите, констатира „Дека не нè сакаат и Владо не го сакаат“.

Линк до третиот разговор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот