Да му завиди и Мурињо: Хаџиевски со неверојатен пресврт за ГИНИС!

фото: фејсбук

Македонска „магија“ се случи на второлигашки фудбалски натпревар во Обединетите Арапски Емирати, но многу значајна за влез во елитата…

Иако неговиот клуб имаше негатива од 1:3 во 89. минута, непосредно пред паузата, се случи неверојатен пресврт за седум минути.

Во рамките од втората фудбалска лига во ОАЕ, составот на Емирејтс Клуб со 4:3 на домашен терен го совлада Ал Араби.

принтскрин/фејсбук

Тоа беше вкупно деветта победа сезонава (2019/20) и Емирејтс Клуб е на добар пат да обезбеди настап во елитата.

На својот фејсбук профил се огласи и нашиот поранешен селектор после неверојатната победа:

– Денес од 1:3 во 89 минута до 4:3 за седум минути, невиден натпревар – напиша Хаџиевски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот