Д-р Пановски:Би вовел да се носат само хируршки маски од типот N-95, не платнени

Никола Пановски /Фото: Архива на Слободен печат

Не можете да ги затворите луѓето, ова е Европа, не е Кина, не е Јужна Кореја, тука луѓето сакаат слободно да живеат. Сега карантинот и рестриктивните мерки имаат многу голема логика во Израел, Србија, Велика Британија, САД, односно онаму кадешто има вакцини“, вели микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Вин-вин“ на Телма.

Според него, мерката полициски час тој ја предложил 10 пати во есента, кога бранот бил посилен отколку сега. Сега, вели Пановски дека мерката е во ред, со оглед на тоа дека луѓе уште излегуваат на протести и во однос на економијата.

„Ако имате протести, собирање на луѓе, ќе придонесете за ширење на вирусот. Сметам дека оваа мерка е добра и не влијае на економијата. Како таква, јас би вовел и да не се носи платнена маска, туку хируршка N-95“, истакна Пановски.

Според микробиологот, Европа, со исклучоци,  потфрли во справувањето со ковид-кризата и не треба да ја препишуваме западната медицина.

„Западната медицина во пандемијата потфрли катастрофално и треба да се види зошто. Занзибар досега има три позитивни случаи и нема починати, а Танзанија има 509 случаи и 21 починат. Бројките се тие, колку тие и да ги кријат. Кога ќе ги соберете С. Америка, цела Европа и Јужна Америка имаат 14 пати поголема смртност“, рече Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот