Д-р Чолакова Дервишова: Има починати лица пријавени за приоритетна вакцинација

Лилија Чолакова Девишова, претседателка на Здружението на матични лекари, вели дека тие имаат право да си го наплатат трудот, Фото: Архива

Претседателката на здружението на приватни матични лекари доктор Лилија Чолакова Дервишова за „Слободен печат“ тврди дека во списокот што за матичните лекари го направиле здравствените власти за тоа кои пациенти да ги повикуваат за приоритетна вакцинација, има многу починати пациенти.

Според неа причината за ова е неусогласеноста меѓу системот „Мој Термин“ и податоците на ФЗОМ.

Bеќе го информирав министерот Филипче за проблемот и треба да биде надминат. И други колеги од други градови ми сигнализираа за ова како на пример во Делчево. Системот ми дозволува откако ќе ја внесам лозинката да ги видам пациентите повозрасни од 70 години но знам дека меѓу нив има починати пациенти, ни рече Дервишова.

Таа додава дека би се создала голема непријатност ако лекарите се јавуваат во семејствата на приоритетните пациенти за вакцинација, а всушност тие се починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот