Д-р Чадиковски: Доколку сте прележале корона, предајте ја вакцината на некој што нема антитела

Д-р Владимир Чадиковски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Д-р Владимир Чадиковски, дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вечерва соопшти дека не се вакцинирал, иако имал можност, затоа што има доволно антитела.

„Прележав Ковид-19 во јануари, со силна клиничка слика,имам доволно антитела,а денес требаше да се вакцинирам. Не се вакцинирав дека можам уште неколку месеци да бидам заштитен.Предајте ја вакцината на некој што нема антитела ако сте во иста ситуација,имате стекнат имунитет 4-6 месеци!!“, објави докторот.

 

Две и пол илјади граѓани ја примија првата доза Спутник на стартот на масовната имунизација во земјава. На располагање здравствените работници имаат 20 илјади од руската вакцина и доколку се продолжи со ова темпо, дозите ќе бидат употребени за 8 дена.

„Досега се вакцинирани речиси 13 илјади граѓани и освен два случаи на колапс кои не се поврзуваат со вакцината, други несакани ефекти нема, а девојката која имаше тромбоза е добра и денеска оди на домашно лекување“, информираше денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот