Црногорската влада и СПЦ преговараат околу спорниот законот за слобода на вероисповед

Во Подгорица денеска ќе се одржи состанок на стручни тимови на Владата на Црна Гора и Митрополијата црногоркско-приморска на Српската православна црква (СПЦ) за спорниот Закон за слобода на вероисповед.

Вицепремиерот Зоран Пажин рече дека дијалогот ќе се фокусира на членовите од Законот за слобода на вероисповед кои се однесуваат на имотно-правните прашања.

– Верувам дека со уважување на аргументите на спротивната страна, со подготвеност на толеранција и трпеливост, може да се дојде до решенија што ќе ја релаксираат постоечката ситуација, изјави Пажин, нагласувајќи дека политиката треба да се остави на страна.

Тој рече дека „црвената линија” е Уставот на Црна Гора и потребата сите граѓани, без оглед на националноста или верата, да се третираат на ист правен начин.

– Регулирањето на верските заедници е надлежност на Црна Гора, но тоа треба да се направи на инклузивен начин, приближувајќи ги сите релевантни заинтересирани страни, и во согласност со релевантните меѓународни и европски стандарди за човекови права, особено со сите препораки од мислењето на Венецијанската комисија од 24 јуни 2019 година, изјави претходно еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Тој повтори дека ЕК повеќе пати го покрена ова прашање, а одржа и состанок со претставници на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот