ЦЈЗ Куманово: Двајца новозаболени, двајца починати и еден оздравен пациент од Ковид 19

Според соопштението од Министерството за здравство, еден пациент на возраст од 81 година, примен во болница на 3 јуни, починал во Општата болница Куманово, а во ГОБ „8 Септември” починала пациентка на 67 години.

Центарот за јавно здравје Куманово последниве 24 часа регистрира двајца новозаболени пациенти од Ковид 19, по еден во Општина Куманово и во Општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

Според соопштението од Министерството за здравство, еден пациент на возраст од 81 година, примен во болница на 3 јуни, починал во Општата болница Куманово, а во ГОБ „8 Септември” починала пациентка на 67 години, од село Опае, Липковско, примена на 2 јуни, годинава. Оздравен е еден пациент од Куманово.

– Денеска извршени се 61 тестирање. По „Мој термин” 21 тестирање, 14 се извршени во Липково, согласно епидемиолошки индикации и 26 се контролни тестови од кои 25 се во Липково и еден во Куманово – изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.

Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 653, а активни случаи се 206.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот