Царовска: Од септември онлајн запишување на учениците од прво одделение

Уписите во основното образование од септември ќе бидат во дигитална форма и тоа е нешто на што работевме во изминатиот период, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на конференцијата за дигитализација на јавните услуги во областа на образованието. 

Царовска истакна дека нејзиниот мандат го одбележуваат токму реформите во основното образование и таа изрази надеж дека родителите ќе ја користат оваа можност за онлајн уписи на првачиња. 

– Ќе биде овозможено онлајн запишување на учениците од прво одделение и се надевам дека родителите ќе ја искористат оваа можност и повеќе нема да се создаваат големи гужви во училиштата – истакна Царовска. 

Покрај ова, на конференцијата за дигитализација беше истакнато и дека се дигитализирани и постапките за нострификација на дипломи и свидетелства стекнати во странство, како и онлајн можност за апликации на студентите за доделување на стипендии. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот