Цветните леи се подготвуваат за садење есенски расад

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа да ги подготвуваат цветните површини низ градот за претстојното садење на есенски цвеќиња.

Нашите екипи од реонот Автокоманда денес вршат корнење и отстранување на летниот расад од цветните површини, како и прекопување и рамнење на земјата на цветните леи, каде наредниве денови ќе започнеме да садиме цветен расад кој е произведен во нашите погони – информираат од претпријатието.

Годинава, како што најавуваат од „Паркови и зеленило“, цветните леи низ Скопје ќе ги красат околу 200 000 парчиња есенски цвеќиња од повеќе видови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот