Николовски за Финансии, Рендевски за Здравство: Избрани заменици министри од СДСМ

СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

Филип Николовски да биде именуван за заменик министер за финансии, Владимир Рендевски за заменик министер за здравство, а Александар Бајдевски за заменик министер за информатичко општество и администрација. Тоа е предлогот за заменици министри од СДСМ на претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, за кој вечерва на онлајн седница донесе одлука партискиот Централен одбор.

ЦО на СДСМ, како што соопштија оттаму, вечерва го овласти Ковачевски да разговара со партнерите во Владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри.

Од СДСМ велат дека Филип Николовски, кој е предложен за заменик министер за финансии, е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство. Владимир Рендевски е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.

Александар Бајдевски, кој е и актуелне заменик министер за информатичко општество и администрација, е дипломиран економист во насоката финансиско сметководствен менаџмент

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот