Cо грантовата шема за инвестиции одобрени 16 проекти 

Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска во Скопје, ќе бидат презентирани 16-те одобрени проекти на грантовата шема за инвестициски и иновативни проекти.

Како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, проектите ќе ги презентира ресорниот министер Сухејл Фазлиу, а на настан ќе присуствуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада.

Проектите се поддржани од Министерството за локална самоуправа, Владата на Република Северна Македонија и Швајцарската агенција за соработка и развој преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот