Чудо во САД, фудбалот стана попопуларен од еден од четирите американски спортови

Фудбалот во САД добива се повеќе фанови/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Фудбалот станува се попопуларен во САД, пишува „Дејли Мејл“ повикувајќи се на последните истражувања.

Аналитичарите сметаат дека фудбалот или сокер како го наредуваат во САД, го претекна хокејот на мраз по популарност и сега е четврти спорт во Соединетите Американски Држави.

Студијата на компанијата „Ампере Анализис“ покажува дека 49 отсто од лубителите на спортот во САД уживаат да гледаат фудбал на ТВ, додека само 37 отсто следат хокеј на мраз. Трите најпопуларни спортови во САД се американскиот фудбал (НФЛ), кошарката (НБА) и бејзболот (МЛБ).

Договорот тежок 2.3 милијарди евра помеѓу Премиер лигата и телевизијата Ен-Би-Си е уште еден показател за растот на популарноста на фудбалот, што во САД е доста важно бидејќи оваа држава заедно со Канада и Мексико ќе го организираат Светското првенство во 2026 година.

Аналитичарите сметаат дека токму Мундијалот може дополнително да ја зголеми попупарноста во САД и за четири години да стане трет спорт во оваа држава.

– Фудбалот денеска е четвртиот најпопуларен спорт во САД. Фудбалот е пред хокејот, а неговата популарност оди во нагорна линија. Тоа е една од причините зошто Ен-Би-Си плати толку многу пати за новиот договор за емитување на натпреварите од Премиер лигата – изјави Пјер Маес, експерт за спортски медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот