Чудниот свет на Мино Рајола, омразен кај тренерите, но обожуван од фудбалерите

twitter/Transfer News Live

Холанѓанецот е еден од најмоќните фудбалски агенти кој поради цврстиот став не е омилен кај тренерите и челниците на екипите.

Во светот на фудбалските агенти постојат агенти и постојат Жорге Мендеш и Мино Рајола кои се посебна приказна и посебен свет.

Тоа се најмоќните фудбалски агенти и додека Мендеш е еден од омилените кај сопствениците на екипите, Рајола е негова спротивност, омразен кај истите но омилен кај фудбалерите на кои им е агент.

Еден од најголемите тренери на сите времиња, сер Алекс Фергусон не крие дека токму Рајола му е еден од двајцата луѓе кои ги најмногу ги мрази на целиот свет, а неговиот разговор од 2012 година објаснува зашто е така.

Рајола: Нема да разговарам со тебе без него.
Фергусон: Во ред, доведи го, по што во канцеларијата влегува Пол Погба.
– Пол не сакаш да потпишеш?
Рајола: Не сакаме да потпишеме договор.
– Фергусон: Замолчи п…о
Рајола: Со ова што го нудиш можеш да ги платиш моите чивави, имам две дома. Понуди им на нив договор.

Вака изгледаше разговорот од 2012 година кога Пол Погба, тогаш талентиран тинејџер не потпиша професионален договор со Манчестер јунајтед и по наговор на Рајола го избра Јувентус.

Токму овој разговор го отсликува Рајола, фудбалски агент кој ќе направи сè за го истера своето. Поради тоа неговите играчи го обожуваат, а Златан Ибрахимовиќ го нарекува „омилениот лудак“.

twitter.com/FlavinhoKavalo

Нивната прва средба не помина најдобро иако Ибрахимовиќ сакаше тој да му биде агент. На договорениот состанок во ресторан во Амстердам, тогаш талентираниот Златан пристигна со „Порше“. Рајола му се налути поради тој потег, и му порача дека никого нема да импресионира со автомобилот туку со тоа што ќе го покаже на теренот. Оттогаш почна нивната соработка и Рајола го однесе Златан Ибрахимовиќ во Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Манчестер јунајтед, ЛА галакси.

Интересно е што кога Ајакс не сакаше да го пушти во Јувентус, Рајола го натерал Ибврахимовиќ да го удри тогашниот капитен на холандскиот тим, Рафаел ван дер Варт и да му се закани дека ќе му ги скрши нозете.

Рајола е подготвен на се за своите клиенти, па така фрлаше столче кон претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке коха не сакаше да го пушти Хенрик Мхитарјан во Манчестер јунајтед, додека од страна на Адријано Галијани беше спречен да не го удри Пеп Гвардиола по финалето на ЛШ 2009 во Рим поради лошиот третман кој го имаше Ибрахимовиќ во Барселона.

EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Првиот голем фудбалски трансфер Мино Рајола го направи со холандскиот репрезентативец Арон Винтер кого го однесе во Лацио иако навивачите на „лацијалите“ не го прифатија Винтер поради бојата на кожата. Интересна анегдота од тие времиња е кога Винтер една вечер бил разбуден поради силните удари на вратата, кога отворил пред него бил Пол Гаскоњ во алкохолизирана состојба и му рекол на Холанѓанецот да не се плаши бидејќи тој ќе се пресмета со секој што ќе го навреди на расна основа.

Уште една анегдота најдобро покажува што се е подготвен Рајола да направи за своите играчи. Младиот стопер на Ајакс, Роди Турпин на време свати дека нема квалитет да игра во холандскиот гигант, но за среќа негов клиент беше Мино Рајола.

Рајола го однесе Турпин на преговори со Де Графшап кој им понуди плата поголема од таа што играчот ја заработуваше во Ајакс, но тогаш на сцена стапи агентот.
– Не дојдовме тука за да не навредуваш. Знаеш ли колку Роди заработува во Ајакс. Ајде Роди да си одиме, да не го губиме времето – рекол Рајола за време на преговорите.

EPA/OLIVIER ANRIGO

Рајола веднаш станал да го напушти состанокот, а по него и збунетиот играч, но тогаш претседателот на Де Графшап ги запре и 20-тина минути подоцна Турпин доби четиригодишен договор со неверојатна плата.

– Рајола ме обезбеди за цел живот – им изјави Турпин на холандските медиуми.
Но, кога играчите го слушаат Рајола добиваат се што ќе посакаат, но кога не го слушаат тогаш најчесто грешат и нивните кариера одат во пропаст.

Најдобар пример за тоа е Марио Балотели кој не го слушаше Рајола и по секоја цена сакаше да си замине од Манчестер сити. Агентот му ја исполни желбата но оттогаш кариерата на Балотели е во надолна линија и сега тој ига во Серија Б.

Кој е Мино Рајола, најмоќниот фудбалски агент

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот