Чудна одлука, ИТФ им дозволува на тенисерите да одат на допинг контроли кога сакаат

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Светската тениска федерација (ИТФ) им дозволува на најдобрите светски тенисери сами да си закажат допинг тестови, а англиските медиуми пишуваат дека тенисерите направиле помалку допинг тестови отколку што ИТФ наведува во официјалните документи.

– ИТФ е обвинет за олеснување на антидопинг мерките, откако истрагата на „Дејли мејл“ покажа дека ова тело им дозволува на најдобрите тенисери сами да закажуваат допинг тестови. Играчите се поканети да дадат датуми за тестови за допинг на крвта пред овогодинешниот Мајами Опен, метод за кој антидопинг експертите велат дека остава многу простор за измамниците кои сакаат да избегнат откривање – пишува „Дејли мејл“ и продолжува:

– Според правилата на ИТФ, сите допинг тестови мора да бидат „без најава“, освен во исклучителни околности. Сепак, во 2021 година, ИТФ ги предупредил играчите дека во 16 проценти од случаите на тестирање за биолошки пасош, кој се користи за откривање на допинг во крвта.

Англискиот весник пишува и дека поседува докази на кои се гледа дека такво нешто се сличило пред УС Опен во 2021 година, Ролан Гарос во 2019 година и како и пред Мастерсот во Мајами што се играше годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот