Чудесна пол позиција за Маркез во Австрија (ВИДЕО)

twitter.com/MotoGP

Маркез на патеката „Ред Бул Ринг“ ја запиша 59 пол позиција во „кралската“ класа и на тој начин забележа нов рекорд, надминувајќи го Мик Дуан.

По 87 пат беше најбрз во квалификациите, во Шпилберг имаше фантастичен круг од 01:23.027 мин., пред второпласираниот Фабио Квартараро од Петронас Јамаха.

Од третото место во неделната трка (14.00 часот) ќе тргне Андреа Довициозо од редовите на Дукати.

Редоследно од четвртата до 10 позиција се наоѓаат Вињалес, Бањаја, Накагами, Ринс, Милер, Крачлоу и Валентино Роси.

Еспаргаро мораше да се задоволи со 11 позиција пред Данило Петручи на Дукати чиј пад освен доминацијата на Маркез ги одбележа исто така квалификациите.

Во генералниот пласман кај возачите води Маркез со 210 бодови, пред Довициозо кој има 147.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот