Човекот кој го „воскресна“ Феникс санс е тренер на годината во НБА

epa09123422 Phoenix Suns head coach Monty Williams (R) interacts with Phoenix Suns guard Jevon Carter during the NBA game between the Phoenix Suns and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 08 April 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Тренерот на Феникс санс, Монти Вилијамс е избран за тренер на годината, открива ЕСПН.
49-годишниот Вилијамс доби највеќе гласови од своите колеги тренери (во гласањето учествуваат сите 30 тренери во НБА) и е добитник на престижната награда која го носи името по Мајкл Голдберг, долгогодишниот директор на тренерската асоцијација (НБЦА).

Вилијамс го „воскресна“ Феникс, екипата регуларниот дел од сезоната го заврши со скор од 51 победа и 21 пораз со што го освои второто место во Западната конфереција, и по пауза од 14 години е најдобар во Пацифик дивизијата.

За тоа колкав напредок имаше Феникс санс под водство на Монти Вилијамс, говори податокот дека „сонцата“ станаа петтиот тим во историјата на НБА лигата кој забележал најмалку 15 победи во однос на претходната сезона.
Кога Вилијамс седна на тренерското столче во Феникс во 2019 година, сезоната ја заврши со скор од 19 победи и 63 порази, минатата сезона скорот беше 34:39, а оваа сезона тој учинок е подобар за дури 17 победи.
Минатата година за најдобар тренер беше прогласен Ник Нурс од Торонто репторс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот