Чомски: Русија се однесува похумано во Украина отколку САД во Ирак

Фото: Graeme Robertson / Eyevine

Американскиот лингвист и долгогодишен критичар на американската надворешна политика, Ноам Чомски, смета дека Русија се бори во Украина похумано отколку САД во Ирак. Toj за британски Newstatesman истакна дека страдањето и уништувањето во Киев е многу помало отколку тоа во Багдад.

„Само погледнете ги бројките на жртвите, запомнете како изгледаше Багдад, а како изгледа Киев“, изјави Чомски.

Американскиот лингвист оценува дека Русија во Украина дејствува воздржано и умерено.

Тој го спореди рускиот начин на борба со американскиот при инвазијата на Ирак во 2003 година и посочи дека големото уништување на инфраструктурата забележано во тој конфликт „не се случува во Украина“.

„Несомнено, Русија може да го направи тоа, веројатно со конвенционално оружје. Русија може да го направи Киев непогоден за живеење како Багдад, може да изврши и напад во Западна Украина“, рече Чомски.

На прашањето дали со таа изјава имплицира дека Русија се бори похумано во Украина отколку што тоа го правеа САД во Ирак, Чомски одговори: „Не имплицирам, тоа е очигледно“.

„Кога САД и Британија го распарчија Багдад, дали некој странски лидер отиде во Багдад? Не, затоа што кога САД и Британија ќе започнат војна, тие уништуваат сè: комуникација, транспорт, енергија… се што го движи општеството“. рече Чомски.

Споредувајќи ги злосторствата во Украина и Ирак, Чомски го посочи бројот на жртвите.

„Погледнете ги жртвите. Се што знам се официјалните бројки… официјалните бројки на ОН се околу 8.000 цивилни жртви во Украина. Колку цивилни жртви имало кога САД и Британија го нападнаа Ирак“, рече лингвистот.

Проектот за броење тела во Ирак (ИБЦ) проценува дека вкупниот број на цивилни жртви од инвазијата во 2003 година е помеѓу 186.000 и 210.000, додавајќи дека реалната бројка е веројатно поголем.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН забележа 8.490 убиени и 14.244 ранети цивили во Украина од почетокот на руската инвазија пред 14 месеци.

Сепак, се верува дека вистинските бројки се значително повисоки. Властите во Украина веруваат дека до 50.000 луѓе загинале само во Мариупол, за време на руската опсада на градот минатата година.

Чомски понатаму истакнува дека Украина не е слободна.

„Украина не е слободен агент, таа зависи од тоа што ќе одлучи САД“, вели Чомски, додавајќи дека САД го снабдуваат Киев со оружје, само за да ја ослабат Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот