Четири лица не почитувале мерка за изолација, 633 прекршоци за неносење маски

Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ коронавирус ковид-19
Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот