Четири големи ланци маркети се договарале за цените, утврдила Антимонополската комисија
Комисијата за заштита на конкуренцијата денеска соопшти дека извршила ненајaвен увид во четири трговски субјекти и една стопанска комора во која тие се здружени, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
При контролата во службените простории на компаниите, ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени се докази дека тие донеле незаконита одлука, која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање, пишува во соопштението.
„Контролираните субјекти, спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна пријава против нив“, велат од Антимонополската комисија.
„Комисијата интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат удел во синџирот на снабдеување со земјоделски и прхранбени производи и ќе презема најригороизни мерки и санкции на секое нарушување на конкуремнцијата на пазараор и нема да дозволи изигрување на законот на штета на граѓаните“, додаваат оттаму.


