Четири гола на Лазаров во триумфот на Нант во Европската лига

Кирил Лазаров уште еднаш ја потврди својата класа/ Фото: EPA-EFE/Piotr Polak

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров со победа ги започна настапите во Европската лига.

Неговиот Нант со28:40 славеше на гости кај финскиот тим Кокс, а Лазаров постигна четири гола и тоа од четири обиди.

Милан Милиќ, Валеро Ривера и Александре Кавалканти беа најдобри кај Нант со по пет гола, додека кај Кокс се истакна Ѓекиќ со осум постигнати голови.

На останатите натпревари АЕК беше подобар од Татабања 34:26, ГОГ Гудме како гостин го совлада Чеховски Медведи 32:39, Фуксе Берлин во дерби мечот го совлада Тулуз со 32:30, Магдебург беше подобар од Горење со 27:31, додека Савехоф беше убедлив против Ла Риоха победувајќи со 43:31.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот