Чествување: Блаже Конески е столб што не се урива

Атанас Конески, Весна Костовска и Живко Цветковски пред споменикот на Блаже Конески

Делегација на Управниот одбор на Културниот и едукативен центар „Небрегово“ традиционално на роденденот на Блаже Конески, на 19 декември, положи свежо цвеќе на единствениот споменик на великанот во Скопје.

Свечениот тон на одбележувањето на 101 година од раѓањето на Блаже Конески го наруши состојбата во која се наоѓа споменикот пред објектот на МАНУ.

– Плочата што дополнително била залепена врз текст што претходно бил напишан на споменикот, а и двата текста изобилуваат со грешки, од технички причини и заради неквалитетната изведба и влијанието на временските услови, е одлепена и падната покрај споменикот. Апелираме надлежните органи да го посетат споменикот, да ја увидат техничката грешка, да ги отстранат недостатоците и да постават плоча со соодветен текст. Тоа е најмалку што може да се направи во чест на роденденот на Блаже Конески, бидејќи ѕвездата на великани како Конески никогаш не може да згасне – посочи Атанас Конески, секретар на Културниот и едукативен центар „Небрегово“.

Културен и едукативен центар „Небрегово“ е новото име на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, која се грижи за зачувување на ликот и делото на Блаже Конески. Преименувањето на фондацијата се случи на 14 октомври 2022 година, согласно новите законски промени за регистрација на друштва, здруженија и фондации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот