Честитка од Џафери по повод Курбан Бајрам: Да се обединиме за суштинските прашања

Талат Џафери / Фото МИА

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска упати честитка до припадниците на исламската вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.

Џафери во честитката испраќа порака за обединување со цел, како што наведува, надминување на сите пречки или тешкотии.

-Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, на сите припадници на исламската вероисповед во земјава и каде и да се сте надвор од неа да Ви изразам честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам, со надеж дека празникот ќе ве најде во добро здравје, душевен мир и семејна топлина. Курбан Бајрам, како празник на солидарноста и сочувството, празник на широкоградоста и простувањето, разбирањето и меѓусебната почит помеѓу луѓето, без оглед дали се блиски или далечни, познати или непознати, нека ги облее срцата на сите луѓе и нека ги исполни со радоста што ја носи овој голем ден, Нека биде причина плус за заедничко собирање околу семејната трпеза, за споделување на тоа што го имаме и тоа што го немаме, колку и да е тоа многу или малку, со тие што имаат помалку среќа и благосостојба, наведува Џафери.

Според Шафери, човештвото поминува низ тмурен период на постоење, кога е во прашање безбедноста на животот, економската егзистенција и здравствената благосостојба и граѓаните на Република Северна Македонија не се исклучок.

-Иако имаме напредна технологија и глобализацијата се чувствува во секој агол, повторно сме далечни и страни. Повторно сме осамени и сами ги биеме нашите интер-персонални и интра-персонални битки. Да не дозволиме барем за суштинските прашања да бидеме сами туку, да се обединиме за надминување на секаква пречка или тешкотија што се појавува пред нас. Да го славиме заедно животот и да ја градиме заедничката иднина. Сите сме неотуѓив дел од ова тло и грижата и чувањето на истото е обврска на сите нас, пишува претседателот на Собранието, Џафери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот