Чешкиот претседател Павел предупредува: Избрзана украинска офанзива ќе биде катастрофа

epa10596813 (L-R) Slovakia's President Zuzana Caputova, Ukraine's President Volodymyr Zelensky and Czech Republic's President Petr Pavel attend a joint news conference following their meeting at the Mariinskiy Palace in Kyiv, Ukraine, 28 April 2023. Pavel and Caputova arrived in Kyiv to meet with top Ukrainian officials amid the Russian invasion. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Чешкиот претседател Петр Павел, инаку одликуван генерал во пензија и поранешен главен воен советник во НАТО го предупреди украинското раководство на катастрофа ако тргнат во избрзана контраофанзива, јавува Гардијан.

На неодамнешните состаноци во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шхмихал, Павел предупредил дека повеќе го немаат елементот на изненадување кој што им помогна во успешните напади на Харкив и регионот Херсон лани. Според Павел, Киев признава дека има празнини во капацитетот на Украина за успешна офанзива против руските сили. Тој, исто така, откри дека Зеленски од него и од неговата словачка колешка Зузана Чапутова барал секоја од тие нации да вооружат украинска механизирана бригада пред долгоочекуваниот противнапад, бидејќи, наводно имале чувство дека немаат се за успешен почеток на операцијата. Пораката од Павел е „да не инсистираат на побрзо темпо пред да бидат целосно спремни”.

-Ќе биде исклучително штетно за Украина ако пропадне оваа контраофанзива, бидејќи нема да имаат друга прилика, барем не оваа година, вели Павел и додава дека Украина неизбежно ќе се соочи со „ужасни губитоци” без оглед на силата на своите трупи, па не смее да си дозволи нападот да не успее.

За барањето од Зеленски за вооружување на една механизирана бригада, тој вели дека тоа всушност значи околу 35 тенкови и 100 транспортери, како и муниција.

-Сега ќе биде исклучително тешко, иако Чешка веќе испорача нешто помалку од 100 тенкови, особено Т72 од кои многу се модернизирани, проблно исто толку оклопни транспортери, ракетни фрлачи и многу муниција. Она каде што се уште имаме некаков капацитет се системи за противвоздушна одбрана со одреден број ракети, што ќе им биде од голема помош, изјавил Павел.

Чешкиот претседател уште порачува дека Киев не треба да ги потцени Русите бидејќи имаат доволно луѓе и се уште имаат доволно опрема, иако е постара, но сепак имаат доволно. Според него, Русите не се толку неспособни во одбранбена смисла. И, се разбира, да се биде во одбрана е полесно бидејќи Украина ќе претрпи страшни губитоци, дури и ако се добро подготвени.

-Така што нападот против непријател како русија ќе биде тежок и Русите нема да бидат изненадени по вторпат, додава Павел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот