Чемпионшип од ТВ права заработува како клуб кој испаѓа од Премиер лигата

фото:твитер

Лидс јунајтед на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е редок пример за релативно одржлив клуб во англискиот фудбалски Чемпионшип.

Кризата поради коронавирусот тешко ги погоди скоро сите европски лиги. И натаму е неизвесно што ќе се случи со белгиското првенство, тамошните клубови го одложија гласањето следната недела за да ја потврдат одлуката за завршување на сезоната.

Во Холандија е веќе завршена сезоната, без прогласување на шампион, а голем број на екипи според најавите најавуваат тужби против локалната федерација.

Управата на чешката фудбалска лига планира да ја продолжи сезоната на 25 мај, откако владата на земјата ги олабави мерките за ограничување поради епидемијата од коронавирус. А и Фудбалската федерација на Македонија најави дека мора да заврши Првата лига од оваа сезона.

Од една страна богатите клубови во Премиер лигата некако ќе ја преживеат сезоната, но на оние од Чемпионшип им се заканува права финансиска катастрофа од која тешко може да се извлече.

premierleague.com

До прекинот на сезоната водеше Лидс на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и е најблиску до влез во Премиер лигата.

Финансиските експерти предупредуваат со години дека „најтешката лига во светот“ е финансиски неодржлива, а трката за милионите што ги нуди Премиер лигата, честопати резултира со прекумерни инвестиции и огромни трошоци. Кој не успее да обезбеди влез во елитата, има големи загуби поради вложувањата во составот.

Влегувањето на клубовите во најсилното англиско фудбалско првенство им гарантира најмалку три години „мирен живот“. Дури и доколку веднаш испаднат од Премиер лигата, клубовите ќе добијат најмалку 100 милиони фунти, а следните три сезони ќе примаат по неколку десетици милиони фунти, и на некој начин се олесни загубата на приходите од периодот во Премиер лигата.

ЦЕЛИОТ ЧЕМПИОНШИП ОД ТВ ПРАВАТА ЗАРАБОТУВА КАКО КЛУБ КОЈ ИСПАЃА ОД ПРЕМИЕРЛИГАТА

Според „Дејли мејл“, освен најголемите, повеќето клубови во Премиерлигата имаат помалку или повеќе немаат преголеми финансиски проблеми, бидејќи 80 проценти од нивниот буџет е полн од ТВ права. Но, кога станува збор за Чемпионшип, тој процент е многу помал. Додека клубовите од дното на табелата во Премиерлигата добиваат околу 100 милиони фунти од ТВ права, целиот Чемпионшип дели 119 милиони по сезона.

Минатата сезона, Лидс јунајтед заработи најмногу пари од ТВ правата, на кои му беа платени девет милиони фунти. Клубот на Андреа Радризани е редок пример за релативно одржлив клуб во Чемпионшип. Минатата сезона Лидс потроши 94,5% од буџетот на трошоци, што значи дека сезоната ја заврши со мал плус, што не може да се каже за другите клубови.

twitter:Leeds United

Поранешниот прволигаш Рединг, кој претежно игра во Чемпионшип, минатата сезона потроши 193% приходи на трошоци. Тоа значи дека ја завршија сезоната во минус од еден цел буџет. Норич и Шефилд јунајтед, клубовите кои минатата сезона влегоа во Премиерлигата, потрошија 161, односно 191 процент од буџетот на платите на играчите и вработените, но со вложувањата го амортизираа влезот во првата лига.

Од деловна гледна точка, финансиите на клубовите во Чемпиониш се неодржливи. Од 24 клубови во лигата, 23 се во загуба, а најлошиот пример е Блекбурн. Тие минатата сезона загубија 20 милиони фунти, а воопшто немаа скапи играчи. Тоа нема смисла – рече Киран Мегваер, експерт од Универзитет во Ливерпул.

twitter/Football Tweet

За разлика на пример од Лидс, ВБА и уште некои можат да сметаат на богатите сопственици, останатите клубови тешко можат да ја преживеат кризата поради коронавирусот.

31 процент буџетот на Дерби Каунти се полни од продажба на билети, дресови и сè што навивачите трошат на денот на натпреварот.

Буџетот во 11 од 24 клубови во лигата (најмалку 25 проценти) се полни со приходи од домашни натпревари. А без мечеви, овие клубови ги немаат потребните пари за да функционираат, а половина од лигата не може да ги исплати платите на играчите за април.

Дерби Каунти, Рединг и Шефилд Веднздеј се во најголеми проблеми. Вејн Руни во Дерби заработува нереални 5,2 милиони фунти по сезона, или една четвртина од вкупните плати на играчите и менаџерот во клубот, иако дел од неговата плата е покриена со спонзорски договор со една обложувалница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот