Чеферин: Можеби натпреварите ќе мора да се играат без публика

Првиот човек на европскиот фудбал смета дека доколку првенствата бидат предвремено завршени, тоа би имало ужасни последици по клубовите.

Претседателот на Европската фудбалска унија вели дека не постои краен рок за завршување на натпреварувањата на Стариот континент.

Поради пандемијата на коронавирус, фудбалските првенства се запрени ширум Европа и не се знае кога би можеле истите да продолжат.

За првиот човек на европскиот фудбал приоритет е здравјето на навивачите, играчите, клубовите. Тој вели дека не постои краен рок за завршување на натпреварувањата на Стариот континент.

Оптимист сум по природа, верувам дека првенствата ќе продолжат и завршат. Можеби натпреварите ќе мора да се играат без присуство на навивачи, но и тоа е подобро отколку да не се одржуваат мечеви. Во вакви тешки времиња, луѓето би можеле да гледаат фудбал на телевизија и верувам дека тоа ќе им помогне – рече Чеферин за „Кориере дела Сера“.

Исто така смета дека доколку првенствата бидат предвремено завршени, тоа би имало ужасни последици по клубовите.

Мораме да ги почитуваме одлуките на надлежните и да ја чекаме нивната одлука. Исто така, не постои краен рок за завршување на Лигата на шампионите и Лига Европа. Сè зависи од тоа кога ќе продолжиме – додаде претседателот на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот