Чави: Нејмар не е во плановите на Барселона

фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, потврди дека поранешниот напаѓач на каталонскиот клуб, Нејмар не е дел од трансфер плановите на „Камп Ноу“. Се појавија информации дека Бразилецот ѝ се понуди на Барса откако Лионел Меси одлучи да ја продолжи кариерата во Интер Мајами.

Дури беше сугерирано дека играчот на ПСЖ ќе биде подготвен да прифати помала плата само за да се врати во шпанскиот шампион. Но, 31-годишниот фудбалер во овој момент не е играч на кој гледа моментно Барселона, а истото го изјави и Чави.

– Во теорија, тој не е во нашите планови. Јас го ценам енормно како личност, но тој не е приоритет – рече Чави.

Нејмар во својата кариера со Барселона еднаш ја освои ЛШ, трипати Копа дел Реј, двапати „Ла Лига“, а има и по еден трофеј во шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

Чави зборуваше и за Меси и неговата одлука да потпише за Интер Мајами и покрај силните врски со Барселона.

– Последните денови, недели забележав дека тој не го гледаше јасно своето враќање. Мора да го разберете тоа, не е лесно да се биде Меси. Сите се заинтересирани за тебе, тој никогаш нема мир. Лео објасни дека во последните две години беше несреќен. Можам да разберам дека тој повеќе не сака толку голем притисок. Зборував многу со него – се зборовите на Чави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот