Центарци со пензии помали од 17.518 денари ќе добијат финансиска инјекција до Нова година

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар
Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар / Утрински брифинг

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски изјави дека пензионерите кои ќе се пријават на јавниот повик за доделување еднократна финансиска поддршка ќе ја добијат до крајот на месец декември.

Станува збор за доделување на финансиска помош во висина од 3.300.000 денари на пензионери жители на Општина Центар чии пензии се со висина не поголема од 17.518 денари.

Во општина Центар има околу 4.000 пензионери и средствата ќе бидат исплатени во зависност од пријавените. Сите пензионери кои ќе се пријават на јавниот повик ќе добијат финансиска поддршка и никој нема да биде изоставен. Но многу често и не се јавуваат сите пензионери на јавните повици, така што во зависност од пријавената бројка сите средства коишто се планирани ќе бидат распределени. До крајот на декември истите ќе бидат и исплатени на сите оние пензионери коишто ќе се пријават на самиот повик, изјави Герасимовски.

За добивање на оваа финансиска поддршка, до Општина Центар треба да се достави, барање за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ од последна примена пензија (за месец октомври 2022 година).

Герасимовски во „Сител” исто така појасни и дека за аплицирање на Јавниот повик пензионерите не се обврзани лично да ги достават потребните документи туку тоа може да го направат и други членови на семејството или блиското опкружување.

Тој меѓу другото зборуваше и за другите проекти во општината кои се наменети за пензионерите во Центар. „Нега на стари лица во домашни услови” се овозможува за околу 90 корисници. Во рамки на проектот пензионерите користат физиотерапевти, негуватели, психолози и социолози кои доаѓаат во домовите на корисниците.

Герасимовски го најави и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа” кој, како што рече, почнува наскоро и ќе ги опфати лицата над 60 години, вклучувајќи ги и оние со Алцхајмерова болест и деменциј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот