Ценовник на ЕВН: Повторен приклучок за директно броило е 418 денари

Струја / Фото: МИА

Од ЕВН за „Слободен печат“ информираат дека повторното приклучување на корисниците по доставата на уплатниците за платениот долг и повторниот приклучок се прават според редослед

Граѓаните што имаат директно броило треба да платат 418 денари за повторен приклучок, доколку биле исклучени заради долг. Според ценовникот на ЕВН, истата услуга за полуиндиректно броило е 1.841 денари, додека за оние со индиректно броило чини 2.773 денари.

Од ЕВН за „Слободен печат“ информираат дека повторното приклучување на корисниците по доставата на уплатниците за платениот долг и повторниот приклучок се прават според редослед. Граѓани што биле исклучени минатиот петок ранонаутро за неплатени сметки, откако платиле и на Вибер доставиле доказ за уплатата, реагираа во нашата Редакција дека и по три часа не им била вклучена струјата.

Дел од граѓаните се жалат и дека воопшто не добиле одговор од службите на ЕВН, дали пораката е примена и кога ќе бидат вклучени?

– Сите корисници што имаат уредни уплати го исполнуваат условот за повторен приклучок, а останатите се известуваат за недостатоците. Зависи од типот на броилото, дали повторното приклучување ќе се направи со далечинска комуникација или физички на терен. Сите уредни уплати што благовремено се доставуваат, се спроведуваат во најкраток можен рок а не подоцна од 24 часа (во зависност од часот на достава на доказот на уплата од страна на корисникот) – стои во информацијата од ЕВН, која сепак не нуди прецизен одговор на дилемата дали се спроведува вклучување на струјата за време на викендите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот