Фото: Фејсбук на градоначалнилката Данела Арсовска

Целосно реновирани спортските терени во гимназијата „Панче Арсовски“

Средното училиште на Град Скопје „Панче Арсовски“ по повеќе од 60 години доби целосно реновирани спортски терени. Новата училишна година учениците ја започнуваат со пристап до новото кошаркарско игралиште, по минатогодишната реконструкција на фудбалскиот терен, информира градоначалничката Данела Арсовска.

Со изградбата на овие терени се заокружува спортскиот комплекс во училиштето кој им овозможува на учениците и наставниот кадар подобри услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување и рекреирање.

Терените изградени по највисоки стандарди, им овозможуваат на младите спортистите кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето да тренираат и да се надоградуваат, а заедно надворешните спортски терени, фискултурната сала и училишната теретана се пријатно место за дружење и спортување – вели Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот