Бутан доби нов премиер

Бутан Парламент / Фото EPA-EFE/NATIONAL ASSEMBLY OF BHUTAN

Тшеринг Тобгеј вчера го почна својот мандат како премиер на хималајското кралство Бутан, соопшти кралот на земјата Џигме Кесар Намгел Вангчук на Фејсбук.

Претходно овој месец, Тобгеј победи на четвртите парламентарни избори во земјата позната по бруто националната среќа, вид индекс што го зема предвид физичкото, како и менталното здравје за мерење на колективната среќа, пренесе ДПА.

Тобгеј претходно беше премиер од 2013 до 2018 година.

Будистичката земја се наоѓа помеѓу суперсилите Индија и Кина и има помалку од 800.000 жители.

Таа формално е демократска уставна монархија од 2008 година. Поранешниот крал Џигме Сингје Вангчук ја иницираше промената и сега има парламент и премиер.

Сепак, партиите го консултираат популарниот сегашен монарх, кралот Џигме Кесар Намгиел Вангчук, за важни прашања и тој продолжува да ја одредува насоката на политиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот