БУРАТА ВО ГРЦИЈА ОДНЕСЕ АВТОМОБИЛ ВО МОРЕТО: Жената во возилото била спасена во последен момент (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Силна бура го погоди пристаништето во Кефалонија, заради што дошло до превртување на автомобилите од траектот во морето. Жената која се наоѓала во возилото е спасена во последен момент.

За време на испловување на траектот кој се движел од Порос до пристаништето во Кефалонија, автомобилот паднал во морето. Жената била извлечена на сигурно пред да дојде до инцидентот, што може да се види на видео снимката.

https://www.facebook.com/watch/?v=662248930846631

Луѓето кои се наоѓале на траектот безбедно биле евакуирани, така што немало повредени, иако снимките од местото биле прилично морничави.

Освен делови од Грција, силно невреме ја погоди и Хрватска и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот