„Бум“ на трансфер пазарот: Мане доби понуда која не се одбива!?

Или Мохамед Салах или Садио Мане ќе добие побогат договор во Ливерпул/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Садио Мане би можел да го напушти Ливерпул и да се пресели во Баерн Минхен! Оваа вест како ексклузива ја пласира доверливиот германски новинар Флоријан Плетенберг.

Тој тврди дека спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ е воодушевен од Мане и дека тој лично преговарал со својот агент викендов.

Плетенберг тврди дека преговорите меѓу Ливерпул и Мане за продолжување на соработката не се движат кон добар правец и дека тешко ќе се дојде до договор.

Мане како и Мохамед Салах има договор до 2023 година и долго време се шпекулираше дека клубот ќе избере само еден на кого ќе му даде побогат договор.

Мане би добил важна улога во Баерн наместо Серж Гнабри, кој е незадоволен и сака да го напушти клубот, бидејќи и натаму не добил понуда за продолжување на соработката. Наводно, според овој извор, и Мане планира да побара трансфер на крајот од сезоната.

Ливерпул сè уште се бори за сите трофеи, иако направи чекор назад во борбата за титулата, утре треба да ја победи Астон Вила и да остане во чекор со Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот