Бујар Османи денеска слави роденден, неговата желба ја кажа јавно (ФОТО) – Слободен печат
ВестиМакедонија

Бујар Османи денеска слави роденден, неговата желба ја кажа јавно (ФОТО)

Вицепремиерот Османи, кој наполни 40 години, воопшто не ја крие роденденската желба.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска го прослави неговиот 40-ти роденден.
Самиот Османи објави статус проследен со фотографии на социјалната мрежа Фејсбук. Во фотографиите се гледа како вицепремиерот ја сече роденденската торта, a во неа на англиски пишува “Заедно кон ѕвездите”.

Османи воопшто не ја крие ниту неговата роденденска желба.

“Желбата е една и заедничка, октомври да нè израдува сите. Благодарам за честитките”, напишал Османи на Фејсбук.

Инаку, вицепремиерот Бујар Османи е татко на две дечиња, а по професија е доктор.

Фејсбук
Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close