Бугарска тенисерка три години не играше тенис, а на УС Опен елиминира двојна грен слем шампионка

epa05998816 Mona Barthel of Germany in action against Tsvetana Pironkova of Bulgaria during their women?s 1st round single match during the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 30 May 2017. EPA/YOAN VALAT

Цветана Пиронкова е најголемо изненадување во почетните две кола на УС опен.

Бугарската тенисерка Цветана Пиронкова обезбеди пласман во третото коло на УС Опен откако успеа да ја победи двојната грен слем шампионка, Гарбине Мугуруза во два сета и тоа со 7:5,6:3 со што продолжи со игри во Њујорк.

Интересно е што ова е прв турнир за Пиронкова по пауза од три години. Бугарката во 2018 година стана мајка и си зеде пауза од тенисот, а на УС Опен дојде без ранкинг на ВТА листата и преку квалификациите обезбеди учество на грен слем турнирот.

Пиронкова до победата над Мугуруза дојде за 85 минути, а до првиот сет дојде откако освои четири гема по ред. Бугарката губеше со 3:5, но успеа да дојде до два брејка и да го добие првиот сет со 7:5.

Во вториот сет имаше само еден брејк и тоа на Пиронкова со кој дојде до водство од 5:3 во гемови по што со успешен сервис успеа да дојде до голема победа и пласман во третото коло каде ја чека пресметка со Хрватката Дона Векиќ која на противничката од Романија, Тиг, и препушти само три гема.

Американката Аманда Анисимова во три сета (4:6,6:4,6:1) ја победи сонародничката Катрина Скот и во третото коло ја очекува дуел со Марија Сакари која пак со 2:6,6:3,6:2 ја победи Бернарда Пер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот