Бугарите бираат пратеници, ама одѕивот до 17 часот само 38,2 проценти

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Социолошката агенција со која работи Бугарското национално радио – Галуп објави дека излезноста во земјата во 17:00 часот по локално време е 38,2 проценти.

Според социологот Светлин Тачев, во споредба со последните парламентарни избори во Бугарија во март 2017 година, излезноста денеска е помала за околу 4 отсто, а тогаш била 42 проценти. Според социологот, излезноста на овие избори е помала поради состојбата со Ковид-19, но според него сè уште е позитивен знак дека бугарските граѓани изразуваат желба да излезат и да го искористат своето право на глас.

И Централната изборна комисија во Бугарија исто така соопшти дека до 17 часот активноста е 39,99 отсто, што е за 2,5 помалку од 2017 година. Постои тенденција постарите лица да излегуваат надвор рано наутро, додека младите попладне и навечер. Исто така, во помалите населени места во Бугарија, луѓето излегуваат да гласаат наутро и претпладне.

Во текот на целиот ден, социолозите во Бугарија го следат движењето на гласањето и распределбата на силите за идните мандати во новото 45-то Национално собрание.

На парламентарните избори во Бугарија, Централната изборна комисија (ЦИК) го прекина гласањето во Велико Трново поради проблеми со софтверот во машините за гласање. Проблеми имаше и во Добрич.

Од вкупно 9.400 гласачки машини во Бугарија, 400 не се во употреба, а ЦИК донесе одлука да не ги поправа и да се гласа со хартиени листови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот