Буфон в четврток на прегледи во Јувентус

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Легендарниот голман Буфон се очекува да потпише договор на една година со Јуве, во трансфер вреден 1,5 милион евра.

Се очекува да биде резервна опција, бидејќи во прв план меѓу стативите е полскиот чувар на мрежата, Шчешњи.

Во договорот Буфон побара да има осум настапи во Серија А и два во Лигата на шампионите.

А со новите осум мечеви во италијанскиот шампионат ќе го надмине и рекордот на Паоло Малдини.

Според најавите се очекува в четврток да ги има лекарските прегледи и на тој начин го комплетира својот „камб-бек“ во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот