Брз и едноставен ручек: Сочни полнети модри патлиџани (РЕЦЕПТ)

Прочитајте како да го подготвите овој брз и едноставен ручек, односно полнети модри патлиџани, кои откако ќе ги пробате, редовно ќе бидат на вашата трпеза.

Потребни состојки:

4 модри патлиџани
100 грама ориз
1 морков
½ помала главица целер
2 домати
100 грама моцарела
100 грама шунка
2 дл супа од коцка
3 лажици масло
Мешавина од зачини, бибер

Начин на подготовка:

Измијте ги модрите патлиџани, исечете ги надолжно и издлабете им ја средината. Потоа кратко бланширајте ги во солена вода, па извадете ги и исцедете им ја вишокот вода.

Морковот и целерот излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде, а доматите, шунката, моцарелата и извадената средина од модрите патлиџани насецкајте ги на коцки.

Во тефлонско тенџере на малку масло пропржете ги морковот и целерот, па додадете ги средината од модрите патлиџани, доматите и оризот и динстајте повремено налевајќи супа, сè додека сите состојки не омекнат.

Во издинстаната смеса додадете ги моцарелата и шунката и зачини по вкус, па со неа наполнете ги модрите патлиџани.

Полнетите модри патлиџани ставете ги во намасленета тава, пикнете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови и кратко потпечете ги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот