брод северно море фото МИА

Бродот останал без кормило: Смрзнати словенечки морнари нашле спас на платформа на ИНА

Тројца Словенци викендов биле спасени на море откако нивниот брод останал без кормило во ноќта меѓу 16 и 17 јануари, објави Тпортал.

По неколку часа неконтролирано пловење во северниот Јадран, Словенците прво ги забележале светлата на гасната платформа „Весна“ на ИНА (националната нафтена компанија во Хрватска), која е без екипаж, а потоа успеале да стигнат до блиската гасна платформа „ИНА Иван А“, која има екипаж.

Тие некако успеале да допловат до неа, а екипажот на платформата ги забележал и ги пронашол смрзнатите, но неповредени словенечки морнари во чамецот.

Според протоколот, веднаш биле известени Националниот центар за пребарување и спасување на море и Пристанишната управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот