Брнабиќ не ја интересираат резолуциите на Европскиот парламент

Ана Брнабиќ/ Фото EPA-EFE/Rafal Guz Poland Out

Српската премиерка во заминување и кандидат за нов спикер на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека ќе се залага за подобри односи со Европскиот парламент (ЕП), но дека ова европско тело никогаш нема да биде над српскиот Парламент, како и дека воопшто не ја интересираат резолуциите на ЕП.

-Резолуциите на ЕП за мене како пратеник и се надевам утре како претседател на Собранието не дека не се обврзувачки, туку апсолутно не ме интересираат, рече Брнабиќ за време на собраниската дискусија, пренесе Бета.

Таа додаде дека во ЕП има и такви кои сакаат добро за Србија, но и такви кои не и сакаат, наведувајќи дека тоа се „пријатели на опозицијата, Приштина и Албин Курти“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот