Брижит Бардо ќе плати висока казна поради активизам за животните

брижит бардо животни казна активистка

Познатата актерка, Брижит Бардо треба да плати казна од 7000 евра бидејќи го навредила шефот на Француското здружение на ловци.

На веб-страницата на нејзината фондација за заштита на животните таа напишала објава во која ги нарекува ловците „злобни кукавички потчовеци“ и „терористи на животинскиот свет“. А, Вили Шраен, шефот на француското здружение на ловци, го именувала како „бесрамен пример“ за ова. По изјавата, здружението ја тужело Бардо, бидејќи Шраен наводно добил смртни закани.

Со пресудата, Брижит Бардо ќе мора да ја отстрани објавата од веб-страницата. Покрај установената казна од 5000 евра, ќе треба да плати обештетување од 1000 евра на Вили Шраен и исто така треба да ги плати судските трошоци од 1000 евра.

„Има впечаток дека се обидуваат да ја замолчат, но таа нема да биде замолчена во одбраната на животните“, изјавил адвокатот на Бардо на прашањето дали актерката ќе направи приговор, пренесува „Irish Times“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stella (@pugstellaparis)

Од крајот на нејзината актерска кариера, Брижит се посветила целосно на благосостојбата на животните. На 39-годишна возраст Бардо ја завршила својата кариера по повеќе од 45 филмови. Во 1976 година основала фондација за спасување животни низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот