Британски научници: Со тек на времето, вакцините ќе обезбедуваат помала заштита од вирусот

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Британските научници сметаат дека со текот на времето, вакцините ќе обезбедуваат помала заштита од вирусот, со што кампањите за вакцинирање ќе потраат и следните години. 

„Голема е веројатноста дека со тек на времето ќе ослабе имунитетот на вакцините, па и за потенцијалните потешки облици на вирусот. Тоа значи дека и наредните години ќе продолжат кампањите за масовно вакцинирање на населението“ тврдат научниците од САГЕ (Научната советодавна група за итни случаи). 

Документот под името „Колку долго ќе штитат вакцините против Ковид?“ беше направен од страна на истакнати епидемиолози од повеќе установи, како Кралскиот Универзитет од Лондон, Факултетот Бирмингем, како и од Заводот за јавно здравје на Англија. 

Во Британија се признаени три вакцини, АстраЗенека, Фајзер и Модерна.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот