Британски милионер (78) и неговата девојка киднапирани од луксузна куќа во Еквадор

Фото: Handout / AFP / Profimedia

Британскиот милионер, бизнисмен и поранешен почесен конзул Колин Армстронг и неговата девојка Колумбијката Кетрин Паола Сантос се киднапирани од луксузна куќа во Еквадор. Банда упаднала во нивниот дом и ги киднапирала, а парот исчезнал без трага, пишува „Гардијан“.

Неговиот син, Ник Армстронг, отишол во Еквадор за да ѝ помогне на полицијата во потрагата по неговиот татко, а неговата ќерка Дијана Армстронг – Брунс изјавила: „Ова е критично време. Само сакаме татко ни да се врати“.

78-годишниот бизнисмен бил киднапиран од 15 лица кои наводно биле маскирани во полицајци. Киднапирањето се случило некаде околу 2:45 часот по локално време на неговиот ранч Ранчо Родео Гранде во провинцијата Лос Риос. Киднаперите ги однеле со црн автомобил БМВ кој подоцна бил пронајден напуштен покрај патот, а подоцна била пријавена закана со бомба, наводно поврзана со киднапирањето.

Еквадорската полиција соопшти во твит на Икс: „По очигледно кривично дело против бизнисмен во раните утрински часови во Лос Риос, специјалистички полициски единици вршат оперативна и истражна работа на терен.“

На видеото објавено на социјалните мрежи, наводно од куќата во која бил киднапиран Армстронг, се гледаат чаршафи обоени со крв на креветот и ограбени соби.

Инаку, Армстронг бил шеф на британското конзуларно претставништво во еквадорскиот пристанишен град Гвајакил, а за неговите услуги во Велика Британија добил одликување од покојната кралица Елизабета.

Киднапирањата за откуп стануваат сè почести во Еквадор бидејќи зголемениот криминал – во голема мера поттикнат од бандите за шверц на дрога – ја трансформираше земјата од меѓу најбезбедните во Латинска Америка во најопасните за само пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот